Лапорт последна желба за одбраната на Барса

Каталонскиот клуб веќе воспоставил контакт со претставниците на шпанскиот репрезентативец.

„Црвената фурија“ прими само еден гол на целиот Мундијал, а искусниот дефанзивец доби високи оценки за своите настапи.

Барселона веќе закажала состанок со агентите на 32-годишниот фудбалер за да ги разгледа можностите за негов трансфер.

Лапорт минатата година се врати во Атлетик Билбао од Ал Наср за 10 милиони евра и потпиша договор до летото 2028 година.

Спортскиот директор Деко веќе ги започнал првичните разговори за време на клупската турнеја во Соединетите Американски Држави, а по завршувањето на Светското првенство преговорите добиле нов интензитет.

Во Барселона сакаат што поскоро да го комплетираат трансферот и да ја засилат левата страна од одбраната.