Ивановски победи во првиот меч на турнирот во Австрија

Калин Ивановски со пресврт во три сета го сивлада Александер Чајка од Русија во првото коло на турнирот во Олерсбах, Австрија.

Македонскиот тенисер беше сериозен фаворит во овој дуел, но не започна најдобро. По голема борба во првиот сет, Чајка беше подобар со 9-7 во тајбрејк.

Сепак, Македонецот се крена во продолжението од мечот, следните два сета ги доби со 6-2 и 6-4 и победи со 2-1.

Во следното коло Ивановски има сериозна пречка, Бор Артнак од Словенија кој е осми носител на турнирот.