Струга Трим Лум со убедлива победа го зачини дебито на Шкендија Арачиново во ПМФЛ

Шкендија Арачиново го одигра првиот натпревар во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), загуби од Струга со 3-0 на гостински терен.
Стружани ја оправдаа улогата на фаворити во овој натпревар и релативно лесно дојдоа до победата.
Резултатот беше отворен во 23. минута кога Маријан Радески погоди за водство од 1-0, а до полувремето гол даде и Хамонд Агама за 2-0.
Шкендија Арачиново имаше свои шанси, но реализацијата затаи. Тоа го казни Струга која во 52. минута ги постави конечните 3-0. Голот го даде капитенот Буњамин Шабани за кого ова беше јубилеен 200. натпревар во дресот на стружани.
Денеска се одигра уште еден меч, Вардар со 2-0 ја победи Брегалница.