Пресврт на „чизмата“: Пирло нема да биде селектор

Андреа Пирло нема да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Неговото назначување беше суспендирано во последен момент од страна на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) поради комерцијалната соработка на Пиро со руската обложувалница Фонбет. Веста за прекин на преговорите го затекна тренерот синоќа во автобус, додека се враќаше од пријателски натпревар во Салцбург.

Малдини и Леонардо, технички директор и советник на федерацијата, се свртеа кон Пирло како решение за клупата на репрезентацијата откако беа одбиени од Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола. Преговорите беа во последна фаза и договорот изгледаше веројатен, но сè беше запрено.

Претседателот на ФИГЦ, Малаго, вчера со адвокати ја анализираше документацијата за договорот на Пиро со Фонбет. Одлуката беше донесена вечерта, а потоа телефонски го информирале Пирло дека договорот нема да биде реализиран.

„Од почит кон институциите, Федерацијата и сите вклучени луѓе, решив да молчам до сега, но откако синоќа дознав дека повеќе не сум кандидат за клупата на италијанската репрезентација, мислам дека морам да разјаснам некои работи.

Им се заблагодарувам на Малдини и Леонардо. Во текот на мојата кариера, прво како играч, а денес како тренер, секогаш работев во согласност со законите на земјите во кои работев и договорите што ги потпишав.