Вардар ги претстави засилувањата за враќањето во ЛШ

Вардар ги почна подготовките за новата ракометна сезона, пред црвено-црните се големи предизвици, одбрана на титулата во домашното првенство и настап во Лигата на шампионите.

Вардарци го засилија тимот, а еден од новите ракометари е Леон Љевар.

„Јас сум еден од новите ракометари на Вардар, чии амбиции се секогаш високи. Тимот има висока база на навивачи и голема историја. Одиме амбициозно во Лигата на шампиони. Ќе работиме напорно од ден за ден“, кажа Љевар.

Тој го потенцира квалитетот на македонското првенство за кое вели дека е најдобро во регионот.

„Македонското првенство е најсилно во регионот, има четири сериозни екипи. Ние сме шампиони, мора да веруваме во себе и да ја одбраниме титулата. Ми треба малку време да се прилагодам во Вардар, но мислам дека ќе се изборам со притисокот“, посочи Љевар.