Кадетите заминаа за Белград, утре го започнуваат настапот на Европското првенство

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска отпатува за Белград, каде од утре ќе го започне настапот на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Горан Кузманоски ќе играат во исклучително силна група, во која за ривали ќе ги имаат селекциите на Словенија, Франција и Шведска. Во оваа конкуренција отвораме со Словенија, па играме со Франција и за крај со Швеѓаните.
Распоред на натпреварите на Македонија:
29 јули
Словенија – Македонија
30 јули
Франција – Македонија
1 август
Македонија – Шведска
Сите три натпревари на кадетите се закажани за во 12:00 часот.