Вардар се прости од Европа со уште еден пораз во продолженија

Фудбалерите на Вардар не успеаја да направат комплетно изненадување во Рига и да обезбедат пласман во 3. коло од квалификациите во Конференциската лига. Во регуларните 90 минути од реваншот Вардар беше на чекор до сензација, откако со играч помалку (во 20 минута беше исклучен Најдоски) до 87. минута водеше со 0-2 со головите на Бабунски (17′) и Омерагиќ (66′), но притисокот кој го направија домашните од 20-тата минута до крајот на мечот, по бројните пропуштени шанси им донесе среќа во 87. минута. Таиво погоди за 1-2 и за продолженија.

Во дополнителните 30 минути „вардарци“ ниту имаа сила, ниту идеја како да се доврши мечот. Примија гол уште по само две минути за 2-2, а до крајот мрежата на талевски домашните ја погодија уште трипати за конечни 5-2.