Фабијани: Три минути нѐ делеа од посакуваниот резултат

Вардар за малку не успеа да излезе како победник од двомечот против Рига, имаше предност од 2-0, но во финишот летонскиот тим даде гол, намали на 2-1, а потоа во продолженијата убедливо славеше над црвено-црните.
По 120 минути игра Рига победи со 5-2 и со вкупни 8-4 го елиминираше Вардар.
„Три минути не делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди на противникот иако игравме скоро 80 минути во регуларниот дел со играч помалку. По примениот гол веќе не можевме уште цели 30 минути со играч помалку. Меѓутоа сум презадоволен од тоа како екипата беше поставена на теренот и се бореше“, рече Фабијани по натпреварот.
Димитар Данев вели дека тешко било да се издржи со фудбалер помалку.
„Сите играчи што бевме на терен го дадовме својот максимум за Вардар и се боревме секоја минута што ја добивме. Имавме добар старт, потоа добивме црвен картон ама и покрај тоа тактички бевме дисциплинирани и му париравме на противникот. Потоа примивме гол на три минути до крај, а во продолженијата тешко беше да се издржи со играч помалку на теренот“, рече Данев.