Стеф Кари најави заминување од Голден Стејт

Според новинарот на „Атлетик“, Маркус Томпсон, четирикратниот НБА-шампион Стеф Кари сериозно размислува за својата иднина доколку клубот не успее да состави тим што ќе може да се бори за шампионската титула.
Како што наведува Томпсон, трансферот на Леброн Џејмс во Филаделфија дополнително го зголемил незадоволството кај Кари.
Кари влегува во последната година од договорот со франшизата во која ја изгради легендарната кариера и освои четири шампионски прстени, но наводно не е убеден дека сегашниот ростер може повторно да стигне до врвот на НБА.
„Она што сака да го направи Џо Лакоб, можеби, нема да им се допадне на навивачите, но тој сака да го изгради тимот за периодот по Стеф Кари“, изјави Томпсон.