Кливленд е новиот клуб на Марио Хезоња

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња и официјално се враќа во НБА, откако на веб-страницата на лигата беше регистриран како нов играч на Кливленд Кавалирс.

Со тоа заврши долгата сага околу неговото заминување од Реал Мадрид, која беше проследена со бројни пречки и преговори. Иако Хезоња уште пред неколку дена договорил едногодишен договор вреден 2,5 милиони евра со Кливленд, официјалната потврда доцнеше поради компликации со раскинувањето на договорот со шпанскиот гигант.

Реал Мадрид првично не му дозволуваше предвремено заминување, бидејќи истече рокот во кој Хезоња можеше да ја активира клаузулата за преселба во НБА. По дополнителни разговори, сепак, клубот, играчот и Кливленд постигнаа договор, со што беше отворен патот за негово враќање во најсилната кошаркарска лига во светот.