Голема распродажба го чека Мареска на „Етихад“

Би можел со големи проблеми да се соочи тренерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска ова лето. Според англиските медиуми, голем број на фудбалери се подготвуваат да си заминат од „Етихад“. Дел од нив се познати ѕвезди, екс и сегашни репрезентативци, за кои голем дел нема место во таборот на англискиот вицепрвак.

Ситуацијата со Родри засега е најголем знак прашалник. Договорот на шпанскиот фудбалер за врска истекува следната година, и тој сака да се пресели во Реал Мадрид. Наводно „кралевите“ со 50 милиони ќе го убедуваат Сити да го пушти, додека тимот од Манчестер бара наводно 25 милиони повеќе.

Втор на листата на заминувања д голманот Џемјс Трафорд, кој го загуби своето место меѓу диреците од Џанлуиџи Донарума. Наводно следна дестинација за Трафорд ќе биде Лидс, а заинтересирани се и Њукасл и Нотингем. Доколку тој замине, тогаш на „Етихад“ најверојатно ќе дојде Херонимо Руљи од Олимпик Марсеј.