Реал прокоцка 2-0 против Фиорентина и само ремизираше

По победата над Легањес во пријателски меч, тимот на Реал Мадрид денеска одигра нерешено 2-2 против Фиорентина во вториот контролен натпревар ова лето.
И покрај тоа што „кралевите“ имаа предност од 2-0 во првите 24. минути, сепак, на крајто мораше да се задоволат со нерешен резултат на стадионот во Клагенфурт, Австрија.
Ендрик во 12. минута донесе предност за Реал, а потоа младиот Цирија донесе 2-0 во 24. минута. Пиколи намали во 41. минута, а потоа Кен во 58. минута ги постави конечните 2-2.
Следниот „тест“ на четата на Жозе Мурињо е против Ференцварош на 8. август.