Ива Богдановска е балкански шампион во џудо

Младата македонска џудистка, Ива Богдановска го освои златниот медал во категорија до 63 килограми на балканското првенство за сениори кое викендов се оддржува во Тирана, Албанија.
Во четвртфиналето нашата џудистка беше подобра од албанската џудистка Десара Ндочи, во полуфиналето ја совлада босанската репрезентативка Самарџиќ, а во битката за златото Ива успеа да ја совлада домашната натпреварувачка Албанката Касандра Ковачи.