Јуве се откажа од трансферот на Емилијано Мартинез

Јувентус се откажа од намерата да го ангажира голманот Емилијано Мартинез, едностано тој е прескап за италијанскиот клуб.

Старата Дама пред неколку дена ѝ соопштила на Астон Вила дека се повлекува од преговорите за Мартинез.

Во Јуве веруваат дека трошоците за овој трансфер се премногу високи.

Најверојатно Мартинез и во наредната сезона ќе продолжи да го брани голот на Астон Вила.