Коло Муани се согласи на трансфер во Јуве

Коло Муани е на чекор до комплетирање на постојан трансфер во Јувентус, откако Пари Сен Жермен даде зелено светло за зделката.

Францускиот напаѓач во недела ќе ги мине задолжителните медицински прегледи, по што треба официјално да стане нов член на „старата дама“.

Според информациите на италијанските медиуми, трансферот е вреден 38 милиони евра, со дополнителни 12 милиони преку бонуси.

За разлика од претходните преговори, овојпат станува збор за целосен трансфер, а не за позајмица.