Вардар и Шкендија ќе го играат дербито в недела

Вардар и Шкендија оваа сезона ќе имаат дури четири меѓусебни средби во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а првиот меч е веќе во недела на 9 август со почеток од 17 часот на Градски во Скопје.
Во недела се игра и натпреварот меѓу Скопје и Струга Трим Лум.
Колото почнува в петок со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс, а во сабота се играат дуелите Башкими – Тиквеш од 17 часот и Брегалница – Арсими од 19 часот.