Арсенал и Астон Вила преговараат за Енри Конса

Шампионот на Англија, Арсенал е подготвен да прати понуда до Астон Вила за англискиот репрезентативец Езри Конса. Според шпанските медиуми вредноста на понудата треба да биде 75 милиони евра.
Лондонскиот клуб мора да купи играч од одбраната откако на Светското првенство се повреди францускиот репрезентативец Вилијам Салиба и неговото враќање нема да биде наскоро.
Конса неколку сезони е еден од главните играчи во тимот на Астон Вила и прашање е како клубот од Бирмингем ќе одговори на оваа понуда. Конса е под договор со клубот и затоа со внимание ќе се следат следните чекори.
Сепак останува да се види колку навистина ќе понуди Арсенал за да го ангажира англискиот репрезентативец.