Флензбург ги купи браќата Кошта

Германскиот ракометен клуб Фленсбург го потврди ангажманот на португалските репрезентативци Мартим и Кико Кошта, кои потпишаа договори со клубот до 2032 година.

Потписите на Мартим и Кико Кошта ја потврдуваат и долгорочната стратегија на Флензбург, кој сака да изгради конкурентен тим способен да се бори за сите трофеи во Германија и Европа во наредните години.