Динамо Загреб потпиша со фудбалер на ПСЖ

Динамо Загреб и ПСЖ си подадоа рака за 18-годишниот Ноа Нсоки, фудбалерот патува кон Хрватска да го комплетира трансферот.

Станува збор за млад фудбалер чија примарна позиција е лево крило, но може да настапува и како офанзивен играч од средниот ред.

Во Загреб ќе пристигне среда или четврток, а откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе стави потпис на петгодишен договор со хрватскиот гигант.

Интересен е договорот меѓу двата клуба. Динамо Загреб нема да плати ништо за Ноа Нсоки, но половина од сумата за која ќе биде продаден во иднина ќе оди на сметка на францускиот клуб.

Нсоки минатата сезона неколкупати тренираше со првиот тим на ПСЖ, а запиша и два настапа како резерва, вкупно минувајќи 36 минути на теренот во сениорскиот состав.

Во младинскиот тим на парискиот гигант одигра 39 натпревари, на кои постигна 10 голови и запиша шест асистенции, со што го привлече вниманието на Динамо, кој повторно се насочува кон развој на млади и перспективни фудбалери.