Венус Вилијамс елиминираа на стартот на турнирот во Монтреал

Враќањето на Венус Вилијамс на ВТА турнир повторно заврши со елиминација уште во првото коло.

Американската тениска легенда беше поразена од Камила Рахимова од Узбекистан со 6:4, 6:1 на Роџерс купот во Монтреал, во меч што беше одложен поради дожд.

Вилијамс, која настапи со специјална покана од организаторите, не успеа да ја прекине негативната серија. Ова беше нејзин 11. последователен пораз во првото коло на ВТА турнирите, а последната победа во сингл ја оствари во јули 2025 година.