Голден Стејт сака да го врати Кевин Дурант

Менаџментот на Голден Стејт Вориорс сè уште размислува да го врати двократниот МВП на НБА финалето, Кевин Дурант, и повторно да го обедини со Стефен Кари, тврди инсајдерот Брет Сигел.
„Голден Стејт Вориорс наводно ќе ја започнат сезоната 2026-27 внимателно следејќи ги тимовите што може да бидат под притисок, првенствено Хјустон Рокетс и двократниот МВП на НБА финалето Кевин Дурант. Според изворите, сопственикот на Вориорс, Џо Лакоб, и раководството на тимот сè уште не се откажале од идејата еден ден повторно да ги обединат Дурант со Стефен Кари“, напиша Сигел на својата страница на социјалните мрежи.
Дурант играше за Голден Стејт од 2016 до 2019 година.