Ѓорческа победи во првото коло во Лајпциг

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа победи во првото коло на турнирот кој се одржува во Лајпциг, Германија.
Ѓорческа ја совлада Анастасија Фирман од Украина со 2-1 во сетови, мечот траеше 2 ипол часа.
Лина го доби првиот сет со 6-4, во вториот Украинката беше подобро исто така со 6-4.
Во третиот решавачки сет Ѓорческа беше подобра со 6-4 за победа од 2-1 во сетови.
Македонската тенисерка во осминафиналето ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова.