Бразилецот Лемос потпиша за Брегалница

Бразилскиот фудбалер Матеус Да Силва Лемос е нов фудбалер на Брегалница, штипскиот фудбалер го потврди неговиот ангажман.

Брегалница е трет македонски клуб за Лемос, Бразилецот претходно играше за Вардар и Македонија Ѓорче Петров.

„Матеус Да Силва Лемос е нов член на ФК Брегалница.
Станува збор за одличен техничар кој “оперира” во левокрилната позиција. Роден е 1997 година во Рио де Женеиро. Лемос има искуство во македонската прва лига, тој со успех настапуваше во Македонија ЃП и Вардар. Летово се поврзуваше и со арачиновска Шкендија, но сепак тој се одлучи да ги прифати условите во Штип. Последната седмица тренира во Штип и одлично е прифатен во новата средина.