Синер хоспитализиран непосредно пред УС Опен

Најдобриот тенисер во светот предизвика загриженост кај навивачите, откако итно бил прегледан во приватна ортопедска клиника во Милано.
Според информациите од италијанските тениски новинари, првиот рекет на АТП-листата во вторникот поминал низ детални медицински прегледи, а неговиот стручен тим веднаш реагирал и побарал од физиотерапевтот да го прекине одморот и да се врати за да биде покрај тенисерот.
Засега нема официјални информации за причината поради која Синер бил во клиниката, ниту дали станува збор за повреда или само за превентивна медицинска контрола.
Италијанските медиуми наведуваат дека по првичните прегледи тенисерот останал на дополнителни испитувања, а во следниот период се очекуваат повеќе детали за неговата состојба.
Ситуацијата доаѓа во незгоден момент за Синер, бидејќи почетокот на последниот Грен слем турнир во сезоната – УС Опен е сè поблиску.