Пелистер ги продолжи договорите со Созовски и Марковски

Пелистер продолжува да инвестира во својата иднина, откако ги продолжи договорите со младите таленти Наум Марковски и Лео Созовски.
Од битолскиот клуб истакнуваат дека покрај амбицијата за успешна сезона во Првата лига и продолжување на традицијата на добри резултати, еден од главните приоритети останува развојот на младинската школа и афирмацијата на домашните кошаркари.
Марковски и Созовски ќе ја започнат својата трета сезона како дел од првиот тим на Пелистер, што претставува уште една потврда за довербата што клубот ја има во нивниот потенцијал.