Американецот МекДауел потпиша за Пелистер

Пелистер го официјализирашe трансферот на Камрон Мекдауел, американски бек шутер кој има 23 години и висок е 196 сантиметри.

МекДауел беше дел од драфтот во НБА лигата во 2025 година, но се врати во универзитетската кошарка.

Битолчани претходно обезбедија уште еден играч од САД. Тоа е Алонзо Денинг кој има македонско потекло и настапува на позицијата крилен центар.