Мајорка убедливо го совлада ПСЖ

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен со неочекуван пораз ги отвори подготовките за новата сезона. Повеќе од два месеци по освојувањето на втората титула во Лигата на шампионите, тимот на Луис Енрике загуби со убедливи 3-0 од Мајорка на пријателски натпревар одигран на стадионот „Сон Моикс“ во Мајорка.
ПСЖ подобро го започна натпреварот и уште во третата минута Хвича Кварацхелија се најде во одлична шанса, но неговиот удар го одбрани голманот Арнау Тенас. Казната пристигна во 21. минута, кога Зито Лувумбо го совлада чуварот на мрежата на парижаните и донесе водство за Мајорка.
Францускиот првак се обиде брзо да израмни преку Сени Мајулу, но Тенас повторно беше на висина на задачата. Пред заминувањето на одмор, домаќините ја удвоија предноста преку Јан Виргили, кој успешно ја заврши една добро изработена акција.
На почетокот од второто полувреме Мајорка го зададе конечниот удар. Антонио Рајиљо погоди со глава по изведен корнер за 3-0, а домаќините имаа можност и за четврти гол, но Лукас Шевалие спречи уште поубедлив пораз на ПСЖ.