Лара Гут Бехрами означи крај на скијачката кариера

Прославената алпска скијачка, Лара Гут-Бехрами, потврди дека се повлекува од професионалниот спорт.
„И покрај речиси 20 години поминати во елитниот спорт и покрај падовите и повредите, немам хронични болки и не сакам да имам“, изјави олимписката и двократна светска шампионка.
35-годишната ветеранка кон крајот на изминатиот ноември падна за време на тренингот во супер-велеслалом на Копер Маунтин и претрпе сериозна повреда на коленото.