Лусаил го претстави Георг Стојановски

Македонскиот фудбалски интернационалец Георг Стојановски и официјално е нов фудбалер на катарскиот клуб Лусаил. Клубот од Доха официјално го промовираше македонскиот напаѓач како свое најново засилување во летниот преоден рок.
Младиот македонски голгетер потпиша тригодишен договор со тимот на Лусаил со опција за продолжување на уште две. Стојановски во Катар пристигнува по успешните настапи во Бугарија за екипата на Спарта Варна. Ова е голем трансфер и огромен чекор напред во неговата професионална кариера.
22-годишниот напаѓач се приклучи на Спартак во септември 2025 година. Тој одигра 27 натпревари, во кои постигна десет гола и имаше пет асистенции. Оваа сезона, Стојановски има два гола и една асистенција на два натпревари пред да направи трансфер во Катар.