Јуве и Болоња се договорија за Лукуми

Според најновите извештаи, Јувентус и Болоња постигнале договор за трансфер на фудбалерот Џон Лукуми и тоа за околу 20 милиони евра, тврдат медиумите на Апенините.

Колумбискиот интернационалец ги договорил личните услови со „старата дама“ и ќе инкасира 2,5 милиони евра по сезона плус задолжителни бонуси.

Иако неговата клаузула за ослободување беше 28 милиони евра, екипата на Болоња се согласила да прифати пониска понуда.