Спенс дојде на потпис во Милано

Италијанскиот шампион Интер го ангажираше англискиот репрезентативец Џед Спенс, кој доцна синоќа пристигна во Италија за да ги помине медицинските тестови.

Тој во претходната сезона се наметна со добрите игри во редовите на Тотенхем а доби и шанса и од Томас Тухел да настапи на последниот Мундијал.

„Нероазурите“ веруваат дека Спенс ќе биде соодветна замена за Дензел Дамфрис кој се пресели во Реал Мадрид. Трансферот треба да биде во висина од 35 милиони евра.