Хектор Фонт пред потпис со Борусија Дортмунд

Играчот на Барселона, Хектор Форт е пред заминување од каталонскиот клуб, а кариерата би можел да ја продолжи во Бундеслигата. За 20-годишниот десен бек сериозен интерес покажува Борусија Дортмунд, која веќе ги направила првите чекори за негов ангажман.
Двата клуба веќе разговарале за можниот трансфер, а Дортмунд е целосно запознаен со ситуацијата околу младиот Шпанец.
Форт минува низ школата на Барселона и важеше за еден од перспективните фудбалери на каталонскиот клуб. Сепак, тренерот Ханси Флик повеќе не смета на него, поради што Барселона е отворена за негово заминување.
За десниот бек, преселбата во Дортмунд би можела да биде одлична можност за поголема минутажа и продолжување на развојот. Германскиот клуб е познат по работата со млади фудбалери, а токму тоа би можело да биде клучно за 20-годишниот дефанзивец.