Работнички и Охрид со победа ја отворија новата сезона во Втората лига

Денес стартуваше новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Најубедливата победа на отворањето ја забележа Работнички кој го совлада Кожуф со 3:0.
Првиот погодок беше дело на Андреј Кудијан во 18. минута по прецизно изведен удар од белата точка. Во 71-та, Аљмир Подграѓа зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Александар Богданоски со голот постигнат на пет минути пред крајот на мечот.
Охрид на домашен терен славеше со 2:0 во дуелот против Новаци. Во третата минута од судиското надополнување Антонио Каланоски од пенал му донесе водство на домаќинот од 1:0.
Во 73-тата Антонио Марчевски израмни на 1:1, а трите бода на Охриѓани ги донесе Каланоски со голот во 81. минута.
Македонија ЃП и Тетекс постигнаа по еден гол за освојување на по еден бод. Гостите од Тетово поведоа со голот на Славчо Мисајловски во 28. минута, а стрелец на единствениот погодок за домаќинот беше Горазд Еминов Блажевски во 68. минута.
АП Брера триумфираше над Еуромилк со 2:0, а головите беа дело на Игор Ристов во 43. и Владимир Жоглев во 72. минута.
Беласица со голот на Рон Мемеди во 79. минута го совлада Осогово додека Детонит Плачковца исто така со 2:0 триумфираше на гостувањето против Шкупи. Гостите поведоа со голот на Давид Голубов во 31-та, а конечниот резултат го постави Филип Димоски во 59. минута.
Првото коло во ВМФЛ ќе се комплетира в недела со дуелот меѓу Пелистер и Камјани, а почетокот е закажан за 20 часот.