Арсенал ќе ја освои Премиер лигата според супер-компјутерот

Новиот шампионат во Премиер лигата е пред самиот почеток, а суперкомпјутерот на познатиот статистички сервис „Опта“ веќе направи проекција за тоа како би можела да изгледа сезоната 2026/27.

Според 10.000 симулации на сезоната, Арсенал е најголем фаворит за освојување на шампионската титула, со 38 проценти шанси да го одбрани трофејот. Тимот на Микел Артета минатата сезона ја прекина 22-годишната шампионска суша и сега ќе се обиде да стане само четвртиот менаџер во историјата на Премиер лигата кој успеал да ја одбрани титулата.

На второто место според проекцијата е Манчестер Сити, со 20,5 проценти шанси за шампионската круна. „Граѓаните“ влегуваат во нова ера по заминувањето на Пеп Гвардиола, а тимот сега го предводи Енцо Мареска.

Ливерпул е трет фаворит со 9,2 проценти, додека Манчестер Јунајтед има 6,2 проценти шанси за титула. Следуваат Астон Вила со 4,8 проценти и Челси со 4,1 процент.

Во топ 10 се и Тотенхем со 2,9 проценти, додека останатите клубови имаат значително помали шанси за освојување на трофејот.

Сепак, во Арсенал постои и причина за загриженост. Според статистиката, процентот на победи на „топчиите“ во Премиер лигата значително опаѓа кога не игра Вилијам Салиба – од 68,7 на само 47,6 проценти. Францускиот дефанзивец моментално има проблем со повреда на грбот.

Кога станува збор за борбата за опстанок, суперкомпјутерот како најголем фаворит за испаѓање го посочува Хал Сити, со 38,7 проценти шанси за враќање во Чемпионшип. Следуваат Ипсвич со 31,2 и Ковентри со 27,9 проценти.