Астон Вила го договори трансферот на Сузуки

Голманот, Зион Сузуки, ќе го напушти составот на Парма и ќе го облече дресот на Астон Вила, објавија медиумите во Англија.

Клубот од Бирмингем ќе им плати на италијанците 35 милиони евра со дополнителни пет како бонуси. Се очекува 23-годишникот да потпише соработка до 2031 година. Сузуки започна во јапонскиот Урава Ред Дајмондс а потоа го носеше дресот на белгискиот Синт-Труиден и на „млекарите“.

Сузуки беше стартер за „самурајите“ на сите мечеви на последниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.