Колумбиецот Лукуми нов член на Јуве

Најново засилување во Торино е колумбискиот стопер Џон Лукуми, кој пристигнува од Болоња.
За неговиот потпис ќе платат 19,5 милиони евра, додека договорот предвидува и дополнителни два милиони евра низ бонуси. Лукуми потпиша петгодишна соработка и треба да биде еден од столбовите на одбраната во новата сезона.
Зад себе има четири години искуство во Серија А, а во Болоња се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци. Во Јувентус се очекува да формира тандем со Бремер, додека конкуренција на стоперската позиција ќе има и од Кели, Калулу, Гати и Ругани.