Вајналдум изненадувачка опција за замена на Енцо Фернандез

Челзи можеби извиси со трансферот на Ламин Камара од Монако, но не се откажуваат од идејата да донесат замена за Енцо Фернандез и оствариле контакт со Џини Вајналдум, кој е слободен играч.
Последниот ден од летниот преоден рок го донесе најголемиот трансфер ова лето, Манчестер Сити од Челси го купи Енцо Фернандез за 125 милиони фунти, односно околу 145 милиони евра.
„Сините“ решија Аргентинецот да го заменат со Ламин Камара, и по долги преговори со Монако договорија трансфер од 47 милиони фунти, или околу 55 милиони евра.
И покрај тоа што документите биле потпишани, клубот од малото кнежевство во последен миг се повлекол од зделката, не дозволил Сенегалецот да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ и го остави Челси со празни раце.
Но очигледно Челси не се откажува од идејата да донесе замена на Енцо Фернандез и последните информации говорат за шокантен трансфер.