Елефсен од Кил е замената за Кнор во Алборг

Алборг брзо пронајде наследник на Јури Кнор, кој ќе се пресели во Пари Сен Жермен во летото 2027 година.

Нов организатор на играта на данскиот великан ќе биде Елијас Елефсен а Скипаготу, моментално член на Кил. Дваесет и четиригодишниот ракометар од Фарските Острови ќе му се придружи на Алборг на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот со германскиот клуб.

Тој потпиша долгорочен договор со данскиот шампион.

Скипаготу пристигна во Кил во 2023 година од Савехоф, а во 122 натпревари досега за германскиот гигант постигна 467 гола.

Во 2025 година го освои Купот на Германија со „зебрите“.

Еден од најталентираните централни бекови од неговата генерација истакна дека желбата да биде поблиску до неговото семејство одиграла важна улога во донесувањето на одлуката.