Ѓоковиќ со победа стартуваше на турнирот во Пекинг

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, победи во првиот меч на турнирот во Пекинг, Србинот беше подобар од Нуно Боргеш со 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ релативно лесно го доби дуелот, во првиот сет беше подобар од противникот со 6-3, во вториот сет се играше тајбрек кој го доби Србинот со 7-2.

Мечот траеше еден час и 52 минути.

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против Кинезот, Јунчаокете Бу.

Новак Ѓоковиќ е шести носител на турнирот во Пекинг.