Џошуа и Фјури ќе влезат во рингот на 11 декември

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа веќе ги започнаа подготовките за долгоочекуваниот меѓусебен дуел, кој е закажан за 11 декември во Кардиф. Двајцата британски поранешни светски шампиони во тешка категорија се наоѓаат во своите тренинг-кампови и влегуваат во завршната фаза пред големиот спектакл. Информацијата ја објави новинарот Мајк Копингер, кој откри дека Фјури и Џошуа во следните денови ќе отпатуваат во Лондон.
Таму на 30 септември е предвидена нивната прва заедничка прес-конференција, на која двајцата ривали ќе се соочат очи в очи пред медиумите. Мечот ќе се одржи на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф и ќе биде пренесуван во живо на „Нетфликс“.