Аргентина ја декласира Боливија, Меси не настапи

Аргентина во Кордоба го направи она што се очекуваше од неа, убедливо ја победи Боливија со 4-0. Сепак, овој пат не беше толку важно како Аргентина стигна до победата, колку што беше важно тоа што го направија тоа без својот талисман и најголема ѕвезда, Лионел Меси.

Головите за Аргентина ги постигнаа Лаутаро Мартинез, Нико Паз, Кристијан Ромеро и Хозе Мануел Лопез, во првиот натпревар на „гаучосите“ откако Меси објави повлекување од репрезентацијата на крајот на август.