Португалија и без Роналдо до цел плен во Копенхаген

Португалците со 4-2 победија на гостувањето во Копенхаген против Данска во првиот меч откако Кристијано Роналдо ја напушти селекцијата, Велс со пресврт дојде до триумф од 2-1 над Норвешка.
Роналдо не играше и на претходниот меч за Португалија, но беше во составот. Па вечерва беше првиот натпревар откако тој си отиде од селекцијата.
Португалија ја оствари мисијата и ги освои трите бода од Копенхаген.
Серијата голови беше отворена во 13. минута кога Кансело даде гол за водство на Португалија од 1-0.
Десет минути подоцна Дамсгард изедначи на 1-1, но речиси во следниот напад Рамош даде гол и ја врати предноста на Португалија, овојпат од 1-2.
По осум минути игра во вториот дел Хојлунд даде гол, Данска пак израмни, сега на 2-2. Во 67. минута Витиња носи и трета предност за Португалија, а конечните 2-4 ги постави Жоао Феликс во 87. минута. Велс со 2-1 ја победи Норвешка во меч од истата група.
Норвежаните тргнаа одлично, уште во 11. минута дојда во водство со гол на Боб.Во 38. минута Џејмс го изедначи резултатот на 1-1. Со тоа реми заврши првото полувреме. Вториот дел почна шокантно за Норвежаните, по само неколку секунди игра Хегем доби црвен картон. Веднаш потоа Вилијамс даде гол за Велс, за комплетен пресврт и победа на домаќините од 2-1.