Циолис се повреди на дуелот Грција – Холандија

Арсенал доби нова грижа за време на репрезентативната пауза. Кристос Цолис се повреди на натпреварот Грција – Холандија (2:2) и мораше да го напушти теренот во 18. минута поради проблем со задната ложа.
Цолис летово пристигна во Арсенал од Клуб Бриж за 34 милиони фунти и имаше одличен почеток – четири асистенции на првите осум настапи. Арсенал сега ќе чека дополнителни медицински прегледи за да се утврди сериозноста на повредата.
Ова е уште еден проблем за Микел Артета, бидејќи на списокот на повредени се и Кај Хаверц, Криситијан Москера, Пјеро Хинкапи и Вилијам Салиба, додека Деклан Рајс и Бен Вајт ја напуштија репрезентацијата на Англија поради проблеми.