Шкотските фанови викендов ќе го окупираат Скопје

Во сабота Македонија ја пречекува Шкотска во натпревар од третото коло во Лигата на нации, а традиционално со шкотската репрезентација доаѓаат и навивачи од оваа земја.
Според шкотските медиуми, „Татран Армијата“ во Скопје ќе биде присутна со околу 3.000 свои навивачи.
Првично од страна на ФФМ, Шкотите добиле 2.151, но потоа им биде доделени уште 822 влезници.
Се очекува во сабота во Скопје да ги окупираат пабовите во центарот на градот, а потоа заедно да тргнат кон Националната арена „Тодор Проески“.