Барди останува капитен против Шкотска

Се појавија шпекулации за промена на капитенскаа лента во националниот тим откако Енис Барди  не беше стартер против Словенија, а како капитен беше најавен голманот Столе Димитриевски, но селекторот Гоце Седлоски ги расчисти сите дилеми на таа тема.

Селекторот Гоце Седлоски децидно соопшти дека Енис Барди е се уште капитен и лидер на екипата и дека тоа нешто не се менува, дури и што бил изоставен од првиот состав заради тактички замисли и дека капитрнската лента ќе ја носи на мечот со Шкотска.