Атанасов: Атмосферата е одлична меѓу нас и се надеваме на позитивен резултат

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов чекува позитивна реакција на националниот тим на мечот со Шкотска.

„Се разбира дека има незадоволство по два порази, но откако сум дел од националниот тим не се сеќавам да било лошо и дека некој од играчите не се залагал. Меѓу нас атмосферата е одлична и се надеваме на позитивен резултат. Ние сме тим кој не може да се потпре на поединци, нашата сила ќе биде колективот.“, изјави Атанасов.

„Шкотска е квалитетна репрезентација која ветува многу во фудбалот. За нас, ние сме репрезентација која ја краси заедништвото и не можеме да се потпираме на поединци“, додаде македонскиот репрезентативец.

Атанасов смета дека еден од клучните сегменти за подобри резултати е менталниот пристап на домашен терен.

„Мора да го подобриме менталитетот кога играме дома. Се надевам дека ќе ја израдуваме Македонија“, порача Атанасов пред натпреварот со Шкотска.