ЖРК Вардар поразен во првиот дуел со Бриксен

Ракометарките на ЖРК Вардар претрпеа пораз (29-32) на првиот натпревар од ЕХФ Европскиот куп на гостувањето кај италијанска екипа Бриксен. „Црвено-црните“ на полувреме водеа со 16-15, но избраничките на Даниела Новеска не ја задржаа предноста од првиот дел.

Домашниот тим на почетокот на вториот дел направи серија од 4-0, а потоа во вториот дел во неколку наврати имаа и предност од пет разлика.

Леона Миленкоска од ЖРК Вардар со 10 голови беше најефикасна.

Реванш натпреварот се игра исто во италијанскиот град Бриксен, а улогата на „домаќин“ во записникот ќе ја има екипата на ЖРК Вардар.