Маркез победи на ГН на Јапонија во Мото ГП

Марк Маркез имаше совршен викенд во Мотеги и стигна до двојна победа на ГН на Јапонија.

Откако беше најбрз во спринт-трката, шпанскиот возач на Дукати славеше и на главната трка, оставајќи ја зад себе конкуренцијата.

Хорхе Мартин водеше во првите десет круга, но Маркез со одлучувачко претекнување го презеде водството и до крајот ја сочува предноста од нешто повеќе од една секунда.

Третото место му припадна на Марко Безеки, кој успеа да го задржи Енеа Бастијанини зад себе.