Муслиу: Сите да го ставиме прстот на чело

Три натпревари и три порази за македонската фудбалска репрезентација на стартот на Лигата на нации.
По поразот од Шкотска пред новинарите зборуваше Висар Муслиу.
„Прв шут и веднаш ни дадоа гол. Тоа донесе деконцентрација во нашата игра. Имавме проблеми во дефанзивата и тие имаа уште две-три акции кои беа опасни. Имаше.дел од натпреварот каде што ја држевме топката, ја контролиравме средбата. Но, очигледно едно полувреме не е доволно за нешто конкретно. Треба многу работи да промениме. Ние играчите прво треба да го смениме говорот на телото. Ова е највисоко ниво на европскиот фудбал. Овде има сериозни играчи и сериозни репрезентации.
Начинот на којшто влегуваме во натпреварите во последниот период, очигледно не е правилен. Секогаш почнувам од себе. Под итно треба да се промениме, зошто не оди веќе вака. Прст на глава да ставиме сите, да се анализираме самите себе и да направиме сè што можеме за добар резултат“, изјави Муслиу.