Возиња номиниран за наградата „Лав Јашин“

Голманот на Зеленортски Острови, Возиња, призна дека првично мислел дека некој се шегува со него кога дознал дека е номиниран за престижната награда „Јашин“, која се доделува за најдобар голман во светот.

Четириесетгодишниот чувар на мрежата стана едно од најголемите откритија на Светското првенство во 2026 година. Пред Мундијалот беше релативно непознат за пошироката фудбалска јавност, а со одличните настапи против Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија и Аргентина го привлече вниманието на светот.

Неговите настапи му донесоа и трансфер во чилеанскиот Коло-Коло, а сега е и меѓу номинираните за наградата „Јашин“, која се доделува во рамките на церемонијата за „Златната топка“.

Покрај Возиња, во конкуренција се и Давид Раја, Унаи Симон, Жоан Гарсија, Емилијано Мартинез, Тибо Куртоа, Матеј Сафонов, Јасин Буну, Грегор Кобел и Едуар Менди.

„Многумина би рекле дека ова е неправедно. До одреден степен и јас мислам така. Кога ја слушнав веста, помислив дека е шега“, изјави Возиња за „Франс Фудбал“.

Голманот на Зеленортски Острови додава дека номинацијата ја доживува пред сè како големо признание за неговата земја.

„Ова го велам затоа што имам огромна почит кон големите голмани кои играат во најсилните лиги и најдобрите клубови. Ова го прифаќам пред сè како ново признание за цело Зеленортски Острови. Во оваа фаза од кариерата и животот, тоа е подарок од универзумот. Им благодарам на сите кои го овозможија ова“, порача Возиња.

Неговата приказна е една од најинтересните на годината – од голман без настапи за елитен клуб и без обештетување за трансфер, до светска афирмација, трансфер во Коло-Коло и номинација за една од најпрестижните индивидуални награди во фудбалот.